Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира со возила во повеќе градови

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира со возила во повеќе градови

ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре ќе протестира во повеќе градови низ државата против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Ќе се протестира со возила во Скопје, Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип и Битола со почеток во 18:30 часот.

Протестот со возила на територија на Град Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.

„Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот. Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност. СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци