Утрински Весник
Свет

Целосна забрана за движење во Велс

Целосна забрана за движење во Велс
Dik 300x250 mk

Во Велс ќе стапи на сила целосна забрана за движење од 23 октомври до 9 ноември, со исклучок само на вработените во службите за итни случаи, а ќе бидат забранети и домашни посети, објави денеска премиерот Марк Дрејкфорд.

„Комплетното двонеделно затворање е најдобрата шанса да се воспостави контрола врз вирусот и со тоа да се избегне многу долг карантин, што би ни нанело неспоредливо поголема штета“, рече Дрејкфорд.

Тој посочи дека сега е време граѓаните да покажат единство.

Одлуката на владата на Велс изврши нов притисок врз британскиот премиер Борис Џонсон, кој одби да го прифати советот на здравствени работници да размисли за привремено затворање на земјата, бидејќи секое одложување ќе доведе до „опасно ширење на епидемијата со катастрофални последици“.

Во неделата во Велс беа регистрирани 950 нови случаи на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник