Утрински Весник
Спорт

Пикфорд нема да оди на дисциплинска

Пикфорд нема да оди на дисциплинска
Dik 300x250 mk

Голманот на Евертон Џордан Пикфорд нема да биде казнет поради грубиот старт врз Вирџил Ван Дајк, тврди „Скај Спорт“. Пикфорд, го повреди Ван Дајк во водените минути од градскиот дуел одигран во саботата. Против Пикфорд нема да биде покрената дисциплинска постапка.

Како што наведува „Скај Спорт“, по консултацијата со ВАР, било заклучено дека стартот на Пикфорд не е за црвен картон. Исто така, со помош на .-асистентот, претходно било утврдено дека за Ливерпул не треба да биде досуден пенал бидејќи Ван Дајк се наоѓал во недозволена позиција.

Фудбалската асоцијација на Англија, дополнително ќе одлучува дали ќе подели казни за инцидентите што не ги констатирале судиите во текот на натпреварот.

За потсетување, по дуелот со Пикфорд, Ван Дајк, го напушти теренот, а прегледите покажале дека тој ќе мора да го оперира повреденото колено. Холанѓанецот најмалку шест месеци ќе биде на рехабилитација.

> Пикфорд нема да оди на дисциплинска <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата