Утрински Весник
Македонија

Отворен новиот памптрак-велодром во Градскиот парк во Скопје

Отворен новиот памптрак-велодром во Градскиот парк во Скопје

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите од денеска можат да го користат новиот памптрак-полигон во вториот дел од Градскиот парк, во непосредна близина на просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт.

Ова е втор памптрак изграден во Скопје, првата ваква адреналинска патека лани беше оформена на просторот пред Олимпискиот базен.

Новиот памптрак-полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни.  Со цел овој простор да биде попристапен за граѓаните целосно беше реконструиран и големиот паркинг во непосредна близина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток

Врховниот суд ја потврди казната за Јованов од 13 години во случајот „Кулакова“

Макрадули загрижен за СДСМ, молкот не е решение