Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека е време земјата да се соочи со фактот дека нема да има олеснување во трговијата со Европската Унија по Брегзит затоа што ЕУ одбила да преговара на сериозно ниво и ако Брисел не ја смени својата позиција, нема да има договор.
„Без оглед на причината, јасно е дека по 45 години од нашето членство, тие не сакаат да ни ги понудат истите услови како на Канада. Исто така, со кренати глави и уверени, се подготвуваме да ја прифатиме алтернативата. Ќе станеме моќна, независна, слободна трговска нација која ги контролира сопствените закони“, рече Џонсон, цитиран од „Ројтерс“.
Доколку ЕУ не се сврти, Велика Британија ќе премине на австралискиот систем.
„Ќе го сториме тоа со голема самодоверба, бидејќи стана јасно дека ЕУ не сака да има канадски договор со нас, како што баравме. Сето тоа, сепак, не беше ветувачко на самитот во Брисел”, додаде Џонсон.
Премиерот на Велика Британија рече дека ЕУ сè уште сака да ја контролира нивната законодавна слобода, што е апсолутно недозволиво за независна држава.