Утрински Весник
Свет

Стабилизирана политичката состојба во Киргистан

Повеќе од 1.000 лица повредени за време на нередите во Киргистан

Вршителот на должноста претседател на Киргистан и премиер Садир Жапаров денеска изјави дека по политичката криза, власта во земјата е повторно воспоставена.

„Парламентот работи повторно и го потврди моето назначување за премиер. Владата во Киргистан е целосно воспоставена”, рече Жапаров во интервју за руската телевизија 24 Часа, пренесува ТАСС.

Откако Канат Исаев беше избран за претседател на парламентот, Жапаров беше ослободен од затвор на барање на демонстрантите и ја презеде премиерската позиција.

Во меѓувреме, поранешниот претседател Соронбај Женбеков поднесе оставка, а Жапаров ја презеде функцијата претседател на државата.

Одлуката за датумот на повторните избори ќе биде објавена до 6 ноември, објави државната изборна комисија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата

Американската крајбрежна стража трага по авион со шест лица кој летал од Бермуди до Бостон

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти