Утрински Весник
Свет

Експерти: Кралицата Елизабета Втора може да помогне во полемиките и стравот што постојат за вакцината против коронавирус

Експерти: Кралицата Елизабета Втора може да помогне во полемиките и стравот што постојат за вакцината против коронавирус

Според експерт од британската влада, кралицата може да помогне во полемиките, дезинформациите и стравот што постојат за вакцината против коронавирус.

Претходните денови светските медиуми пишуваа дека кралицата Елизабета Втора видно е ослабена и дека е во карантин.

Неодамна, придружувана од нејзиниот внук Вилијам, таа ја посети Лабораторијата за наука и технологија во Порт Даун, Англија. Чудно е што кралицата не носеше заштитна маска.

Професорката Хајди Ларсон, која предава на Лондонското училиште за медицина и хигиена, верува дека многу луѓе ќе одбијат да примат вакцина за коронавирус, поради страв.

Таа смета дека јавното мислење би се подобрило доколку 94-годишната кралица ја прими вакцината и ја смири јавноста со нејзиниот пример и ги охрабри Британците да ја примат вакцината.

„Ако сум го видел тоа, а овде во Велика Британија сум повеќе од една деценија, тоа е довербата што кралицата ја стекна“, рече професорката Хајди Ларсон.

Портпарол на Владата одби да ја коментира потенцијалната улога на кралицата, но рече дека науката е јасна дека вакцината спасува животи, што доведува до глобални напори да се најде ефикасна вакцина против коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг