Утрински Весник
Свет

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина од смртоносните протести против конзервативната влада.

https://www.youtube.com/watch?v=uUsuSj7ix80

На видео снимките може да се види уривањето на кулата Парокија де ла Асунсион, една од најстарите цркви во Сантијаго де Чиле. Исто така, може да се види и Иглесија де Сан Франциско де Борја, која полицијата обично ја користи за церемонии, како е зафатена со пламен.

Протестите започнаа мирно на Плаза Италија, позната и како Плаза де ла Дигнидад, но набргу станаа насилни и покрај полициското присуство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор

Русија погоди уште еден важен мост во Киев

Масовни протести во Шпанија поради продлабочувањето на станбената криза