Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан ќе го позајми гласот во анимиран филм

Ким Кардашијан ќе го позајми гласот во анимиран филм

39-годишната Ким Кардашијан Вест – која има четири деца Норт (7), Сент (4), Чикаго (2) и Псалм (17 месеци) – се пошегува дека сега е „кул мајка“ на своите деца откако се приклучи на тимот на анимираниот филм Paw Patrol: The Movie („Патролни шепи: Филмот“), во кој ќе се најдат и вокалните таленти на Џими Кимел, Дакс Шепард, Тајлер Пери, Марсаи Мартин, Рандал Парк, Јара Шахиди, Јан Армитаџ и Вил Брисин.

Ким напиша на Твитер: „Сега сум официјално кул мајка за моите деца!“ Патролни шепи, тргнуваме!”

Филмот, базиран на истоимената серија „Никелодеон“, треба да биде објавен од страна на „Парамаунт Пикчрс“ на 20 август 2021 година.

Во „Патролни шепи“ играат седум херојски кутриња предводени од момчето Рајдер. Заедно покажуваат дека ниедна задача не е преголема и ниедно кутре не е премало. Тие споделуваат лекции за граѓанството, социјалните вештини и решавањето проблеми.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста