Утрински Весник
Свет

Британската кралица помилува убиец-спасувач

Британската кралица помилува убиец-спасувач

Британската кралица Елизабета Втора го помилува Стивен Галант (42), затвореник кој издржуваше казна за убиство.

Галант минатата година стана познат кога успеа да помогне во запирање на терорист на мостот во Лондон.

Галант се најде на тоа место додека учествуваше во настанот како дел од програмата за рехабилитација на затворениците во ноември 2019 година, а кога Усман Кан вооружен со два ножа нападна минувачи и уби студент и студентка, кои помагаа во програмата за рехабилитација на затворениците, пишува „Еуроњуз“.

Снимките од нападот покажуваат дека Галант и уште двајца мажи успеале да го запрат Кан во понатамошните намери.

Со одлука на кралицата Елизабета Втора, казната му е скратена за 10 месеци, со што може да се најде пред комисијата за помилување веќе во јуни следната година.

„ Галант ќе биде препознатлив по неговиот храбар чин со кој спаси човечки животи и го ризикуваше својот“, соопшти Министерството за правда.

Галант беше осуден во 2005 година на 17 години затвор за убиство на пожарникар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење