Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, неодамна ја објави својата автобиографија, во која не е спомнат еден од неговите големи ривали Жозе Мурињо.
Овие двајца, со Арсенал и Челси, водеа големи борби во минатото, а не е тајна дека не беа во најдобри односи. Тоа малку се смени кога Мурињо и Алекс Фергусон со подарок го дочекаа Венгер на „Олд Трафорд“ кога тој последен пат го водеше Арсенал против Манчестр Јунајтед.
„Не сум во книгата бидејќи никогаш не ме победил. Нема да имаш посебно поглавје за 12 или 14 натпревари во кои не си победил“, рекол Мурињо.
Венгер не можел да ја премолчи оваа изјава на Мурињо.
„Тој секогаш провоцира, се чувствувам како да сум во градинка. Сепак тоа е дел од неговиот карактер“, рекол Венгер.
> Венгер: Мурињо се однесува како да е во градинка <