Утрински Весник
Свет

Заразениот шеф на австриската дипломатија без симптоми

Заразениот шеф на австриската дипломатија без симптоми

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, кој во петокот откри дека е позитивен на коронавирусот, нема никакви симптоми.

Тој е во домашна изолација и сè уште не е јасно колку време ќе помине во карантин, соопштија од неговата канцеларија.

Шаленберг нема да присуствува на владината седница во среда, а предвидените посети до петок на Велика Британија, Данска, Грција и Кипар се откажани.

Шаленберг е првиот член на австриската влада кој е позитивен на ковид-19.

Според Министерството, тој седел покрај неговата белгиска колешка Софи Вилмс, која е исто така позитивна на вирусот, за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

На маргините на состанокот на ЕУ, Шаленберг имаше и кратка билатерална средба со неговиот ирски колега, Симон Ковени, кој не мораше да биде ставен во карантин, бидејќи не беше наведен како лице за контакт на Ниво 1.

Истото важи и за шефот на канадската дипломатија, Франсоа-Филип Шампањ, кој разговараше со Шаленберг во Виена, но сè се одвивало со задолжителна дистанца, изјави Министерството.

На прашањето од медиумите дали ќе има почести тестови во Министерството за надворешни работи, беше речено дека веќе се применува строгиот концепт на хигиена, како и тестови пред службени патувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет