Утрински Весник
Македонија

Улиците Лазар Личеноски и Востаничка повторно отворени за сообраќај

Улиците Лазар Личеноски и Востаничка повторно отворени за сообраќај

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски кај скопското Кале.Улицата се реконструираше на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница.

На оваа делница се изврши реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

Исто така, градежните екипи деновиве ја завршија и реконструкцијата на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски.

Во изминатиот период на оваа делница долга 1.100 метри беа обновени коловозот и рабниците, а беа реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, но беа изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Активни пожарите кај Никуштач и селата Варвара и Драчевица, под контрола на Вардариште и близу Русиново

ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари

Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите