Утрински Весник
Спорт

„Милионерите“ победија кај Хофенхајм, Лајпциг се лидери во Бундеслигата

„Милионерите“ победија кај Хофенхајм, Лајпциг се лидери во Бундеслигата
Dik 300x250 mk

Борусија Дортмунд победи кај Хофенхајм во дербито на четвротто коло во Бундеслигата по кое на челната позиција се искачи Лајпциг.

Хофенхајм пред две недели го декласираа Баерн Минехн, меѓутоа без првиот стрелец Андреј Крамариќ не успеаја да избегнат пораз од Борусија Дортмунд. Дербито го реши капитенот на „милионерите“ Марко Ројс кој го постигна единствениот гол во 76 минута.

По четири кола Лајпциг се искачија на лидерската позиција. Лајпциг победија во Аугсбург со головите на Анхелињо во 45 и Поулсен во 66 минута.

Баер Леверкузен во Мајнц ја забележаа првата победа во сезоната. Во претходните три кола „фармацевтите“ играа нерешено со своите ривали. Од друга страна Мајнц го забележа и четвртиот пораз. Аларио го постигна голот со кој Леверкузен победија во Мајнц.



Гостинска победа во Берлин, кај Херта, забележаа фудбалерите на Штутгарт. „Швабите“ победија со 2:0 со головите на Кемпф и Кастро.

Без победник 1:1 заврши натпреварот помеѓу Фрајбург и Вердер.

> „Милионерите“ победија кај Хофенхајм, Лајпциг се лидери во Бундеслигата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување