Утрински Весник
Свет

Лавров доаѓа во Србија на 28 октомври

Лавров: Г20 способна за решавање на глобалните економски проблеми наместо Г7  

„На 28 и 29 октомври во Белград доаѓа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и српскиот државен врв“, изјави генералниот секретар на Вучиќ, Никола Селаковиќ.

Селаковиќ додаде дека Вучиќ двапати се слушнал со рускиот претседател Владимир Путин, но дека Путин најверојатно нема да го посети Белград поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

„Убеден сум дека Путин ќе дојде веднаш кога ќе биде тоа е можно“, кажа Селаковиќ.

Октомвриската посета на Путин на Белград ја најави српскиот претседател на својот инстаграм-профил, откако тој во јуни беше во Москва.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети