Утрински Весник
Македонија

Заев: Да не постоеше Гоце Делчев ќе требаше да го измислиме за да биде мост на пријателството меѓу двете земји

Заев: Да не постоеше Гоце Делчев ќе требаше да го измислиме за да биде мост на пријателството меѓу двете земји
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Да не постоеше Гоце Делчев ќе требаше да го измислиме за да биде мост на пријателството меѓу двете земји, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања за разговорите со Бугарија.

Премиерот е оптимист дека македонско-бугарската Мешовите комисијата за историски прашање ќе успее да најде решенија за прашањата и оцени дека вчерашниот состанок поминал позитивно. Тој вели дека сме мал регион и меѓусебно сме историски поврзани, па неопходно е да бидеме паметни за заедничката историја од минатото да не прави поголеми пријатели, а не да не разделува.

Премиерот порача дека целиот македонски народ е позитивен кон бугарскиот народ, и обратно, па оттука верува дека бугарскиот премиер, Бојко Борисов сака да продолжи да помага на процесите на интеграцијата на Западниот Балкан.

„Верувам дека постои период на позитивни информации, јас сум непоправлив оптимист и гледам успеси како можност“, рече Заев.

Запрашан дали државата има „План Б“, ако во декември не започнат преговорите за чкленство со ЕУ, Заев одговори: „Во моето скромно политичко искуство како претседател на Владата не разработувавме никогаш „План Б“, бидејќи тогаш би значело дека се откажуваме од „Планот А“. Не сакам да разговарам за план Б, мора да успееме“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име