Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение за дивите платформи на Матка

Поднесено обвинение за дивите платформи на Матка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за изградбата на дрвени платформи на Матка. Тие се осомничени за кривично дело  узурпација на недвижности.

„Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик на природата. Имено, на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2“, соопштија од Обвинителството.

Вториот обвинет, 25-годишник од Глумово, делото го сторил така што на пет катастарски парцели исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција и со површина од 189,54 м2, на која изградил времен објект со површина од 187 м2.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Жртвата мора да биде во центарот на секоја полициска интервенција

Светот се бори за бакар, Македонија има рудник што може да го крене БДП  

ДУИ: Почитувањето на Законот за јазиците не е прашање на добра волја, туку уставна и законска обврска