Утрински Весник
Македонија

Почина млад доктор кој беше раководител на Ковид-центарот во „Козле“

Почина млад доктор кој беше раководител на Ковид-центарот во „Козле“
Dik 300x250 mk

Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Рузвелтова“ околу 16.30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководеше Ковид-единицата во детската болница „Козле“.

Сообраќајната несреќа се случи попладнево на улицата „Франклин Рузвелт“ – се судрија два автомобила, „Опел“ со струмичка ознака и „Цитроен“ со гостиварска ознака.

Очевидци за „Макфакс“ изјавија дека до несреќата дошло кога возачот на „Цитроенот“ изгубил контрола врз автомобилот по што удрил во „Опелот“ па во дрвото.

Првичните информации од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се дека Нешковски, по доживеан срцев удар, изгубил контрола над возилото, а залудни биле сите напори за негова реанимација.

Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини,…

Posted by Венко Филипче on Среда, 14 октомври 2020

Со неверување ја примив веста за твоето заминување. Загубата е огромна. Почивај во мир другар Трајче?

Posted by Мила Царовска on Среда, 14 октомври 2020

Целото раководство на СДСМ и голем број лекари вечерва преку социјалните мрежи се збогуваат од својот сопартиец, колега и пријател, кој прерано го загуби животот.

Се понадевав дека е грешка или лага… Страшна вест. Почивај во мир Трајче!

Posted by Radmila Sekerinska on Среда, 14 октомври 2020



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

57-годишна скопјанка тешко повредена откако паднала во автобус

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта