Утрински Весник
Македонија

Град Скопје со апел да се користат алтернативните рути за излез од градот

Град Скопје со апел да се користат алтернативните рути за излез од градот

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски.

„ Ги замолуваме учесниците во сообраќајот да ја користат скопската обиколница преку излезите во Визбегово (Качанички пат), клучката кај Мирковци и клучката по новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош, како и паралелните улици 808 (кај фабриките „Европа“ и „Скопска пивара“), крстосницата на булеварот Киро Глигоров, завртување по улицата Перо Наков (кај „Металски завод“ и „Електроелемент“), вклучување на улица Благоја Стефковски и потоа користење на правецот за Куманово од кај СЦ „Хиподром“ и кон Велес преку Идризово“ велат од градот.

Градот Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот, како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на фреквентниот булевар Александар Македонски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село

Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци