Утрински Весник
Македонија

Левица: Агресивно се наметнува нелегитимното име врз учениците – наставниците да се спротивстават

Заев: Школската година ќе започне на 1 октомври

„Деновиве, до нас пристигнуваат реакции и поплаки од страна на родители во врска со зачестена, преизнасилена и агресивно наметнувачката употреба на името Северна Македонија од страна на одделенски наставници на часовите со најмладите, како и корегирање и инсистирање истото име да го употребуваат и децата, односно учениците. Многу е веројатно дека наставниците се инструирани и дека им се врши притисок да инсистираат на употреба на државното име кое жителите на Македонија го отфрлија на противзаконскиот и нелегален референдум со бојкот на срамното и манипулативно прашање“, соопшти Левица.

Според партијата, ваквото политичко насилство врз децата е монструозно.

„Тоа не е ништо друго, туку образовна пропаганда која на вештачки начин се обидува да го наметне името кај најмладите и на таков начин да придонесе кон втемелување на историскиот ревизионизам и бришење на колективната меморија на Македонија и македонскиот народ. Никој не смее да врши политичко влијание врз деца, а училиштата да ги користи за место за ширење политичка пропаганда. Дури и кога договорот во Преспа не би бил ништовен, односно, дури и ако истиот беше склучен и потпишан во склад со законите и испочитувани процедури на институциите, како и волјата на македонскиот народ, повторно не би имало основа за демонстрираниот изнуден ентузијазам на наставниците. Ваквото однесување претставува психолошка тортура, а и покажува дека властите на агресивен начин ги користат сите формални и неформални институции во обид на вештачката шовинистичка индоктринација.

Ги повикуваме наставниците и родителите активно да се спротивставуваат на ваквите обиди. Во услови на тортура од властите, граѓанска непослушност која служи да ја сузбие пропагандата, е должност на сите нас – а особено на оние кои ги образуваат децата.Родителите апелираат дека децата треба да бидат оставени на мир и да се престане со притисок врз наставниците. Училиштата треба да понудат едукативни, а не пропагандно-манипулативни содржини“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ангелов: Презадоволен сум од ефикасноста на Хермелините и Пинцгауерите во справувањето со пожарите

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Сончево со температура до 38 степени, во северните делови услови за дожд, од утре посвежо време