Утрински Весник
Македонија

Здружението на музичарите: Не бараме милостина, бараме да си го заработиме лебот со музика

Здружението на музичарите: Не бараме милостина, бараме да си го заработиме лебот со музика

„Во сите протоколи кои до денес ги предложи Комисијата за заразни болести, а се однесуваат на музичките настапи, не бевме контактирани ниту еднаш. Од таму излегоа смешните ограничувања за музика изразени во децибели, ние сме на работ на егзистенција и бараме веднаш да се преземат мерки за да можеме да работиме“, беше кажано на денешната прес-конференција на Здружението за унапредување на правата на музичарите.

Тие бараат итна средба со сите релевантни институции за да се дефинираат протоколите за концертни и клупски настани, ревизија на досегашните протоколи, и Владата и Министерството за култура да продолжат да одвојуваат дел од годишните општински буџети за организирање на музички настани.

Исто така се надеваат дека ќе добијат правична застапеност на македонските музичари во медиумите, особено во електронските за да можат да остваруваат за неколку проценти поголеми приходи од Здружението за заштита на авторските права.

Според Здружението за унапредување на правата на музичарите, во моментов повеќе од 20.000 музичари се без никаков приход.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината