Утрински Весник
Македонија

Средба Битиќи – Томан: Економската и политичката соработка со Чешка е значајна за европските интеграции на земјава

Средба Битиќи – Томан: Економската и политичката соработка со  Чешка е значајна за европските интеграции на земјава

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан, со кого разговараа за продолжување на континуитетот на успешната економска и политичка соработка помеѓу двете земји и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји и компаниите од Чешка и Северна Македонија во економското поле.

Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека поддршката од Чешката Република и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Северна Македонија и дека посветено ќе работи соработката помеѓу двете земји да се унапредува постојано. Тој нагласи дека нашата земја треба да ги користи искуствата на земјите членки од ЕУ, за спроведување на потребните реформи за членство во Унијата и креирање на подобри услови за живот на граѓаните.

Амбасадорот Томан и вицепремиерот Битиќи се согласија дека постои големо поле на можности за економска соработка помеѓу двете земји, а како теми за разговор, кои подетално би се дискутирале на наредната седница на мешовитата комисија помеѓу Република Северна Македонија и Чешката Република, ги посочија земјоделството, железничката и гасоводната инфраструктура, управувањето со водните потенција и заштитата на животната средина и енергетиката.

На состанокот се разговараше и за поттикнување на поголема соработка на компании од двете земји, што би придонело до зголемување на трговската размена, но и за создавање на бизнис партнерства со кои македонските компании би влегле во синџирите за набавки на мултинационалните компании и би ја подигнале својата конкурентност и обем на производство.

Вицепремиерот Битиќи и Амбасадорот Томан се согласија дека потенцијалите за соработка се големи, како и дека многу од активностите кои се планираат во наредниот период зависат од развојот на здравствената и социо-економската криза предизвикана од коронавирусот, сепак ќе го вложат својот максимум економската соработка постојано да бележи позитивен тренд, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија