Утрински Весник
Свет

Во Хрватска рекордни 748 новозаболени од коронавирус

Во Хрватска, 145 новозаразени со коронавирус
Dik 300x250 mk

Во изминатите 24 часа во Хрватска е забележан рекорден број на новозаболени од коронавирус досега  – 748, а починаа четири лица.

Првиот човек на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цепак, изјави дека во изминатите 24 часа во Хрватска биле регистрирани уште 748 случаи на Ковид-19.

Пред објавувањето на официјалните резултати, тој рече дека очекува голем број новозаразени, додека хрватските медиуми дојдоа до неофицијална информација дека тој број ќе надмине 700, што се покажа како точно.

Во Хрватска, во моментов има 3.210 активни случаи, од кои во болница се 441 пациент.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп