Утрински Весник
Магазин

Том Паркер откри дека има тумур на мозок

Том Паркер откри дека има тумур на мозок

Пејачот Том Паркер (32), еден од членовите на бендот The Wanted, има неоперабилен тумор на мозокот, објавија британските медиуми.

Паркер, на кого му е дијагностициран глиобластом во фаза 4, изјави дека е сè уште во шок откако пред шест недели му било кажано за болеста, пренесуваат „Би-би-си“ и „Гардијан“.

„Знаев дека нешто не е во ред, но никогаш не очекував вакво нешто.“

Во разговор со „ОК магазин“, тој рече дека останува позитивен и покрај тоа што му било кажано дека туморот е во терминална фаза. „Тука сум и ќе се борам против ова.“

Паркер стекна слава на почетокот на 2010-тата, како дел од бендот The Wanted, искачувајќи се на место број еден на топлистите со сингловите All Time Low и Glad You Came.

Паркер има 16-месечна ќерка и го очекува второто дете со сопругата Келси, со која е во брак од 2018 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сендвич за појадок или за ручек, Wolt ги открива интересните навики на Македонците

Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени