Утрински Весник
Македонија

Николовски: Сите надлежни институции работат на расветлување на случајот „Еразмус+“

Николовски: Сите надлежни институции работат на расветлување на случајот „Еразмус+“

Надлежните институции започнаа со проверка на случајот случајот за доделувањето финансиски средства од ЕУ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, информира на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски.

Околу случајот за доделувањето финансиски средства од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни…

Posted by Ljupcho Nikolovski on Вторник, 13 октомври 2020

Тој додава и дека е во постојана комуникација со институциите и најави дека случајот целосно ќе се истражи и расчисти.

„Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност, ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација“, наведува Николовски.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!