Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Срамно однесување на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на централната прослава за 11 октомври

СДСМ: Срамно однесување на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на централната прослава за 11 октомври

Денеска делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ не оддаде почит ниту на државната химна, ниту на борците, ниту пак на одбележувањето на 79 години од почетокот на антифашистичката борба, обвини СДСМ.

„Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ срамно заминаа без да ја испочитуваат државната химна, без да ги поздрави претставниците на Сојузот на борци и дипломатскиот кор, без да ја проследи манифестација. Иако според протоколот и за нивната делегација како и за сите останати, имаше предвидено место за седење. ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека не им е важен празникот 11 октомври, не им е се важни борците од НОБ, ниту оние кои ги поставија темелите на македонската држава“, велат од партијата.

Мицкоски и ова раководство на ВМРО-ДПНЕ, додаваат од СДСМ, остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт