Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски бесрамно организира протести во есенскиот налет на коронавирусот

СДСМ: Мицкоски бесрамно организира протести во есенскиот налет на коронавирусот

За да си ја спаси фотелјата во белиот дворец, губитникот Христијан Мицкоски им го загрозува здравјето на сопартијците, но и јавното здравје, велат од СДСМ како реакција на вечарашниот протест што ВМРО-ДПМНЕ го посвети против „неправдата, реваншизмот и политичкото насилство“.

„Во време кога државата се соочува со есенски бран на коронавирусот, Мицкоски без срам организира собири, лицемерни протести, на кои не се почитува мерката за задолжителна дистанца, а мерката за задолжително носење заштитна опрема масовно се прекршува“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава и дека неодговорното и незрело oднесување не е ништо ново кога е во прашеање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести, ги прекршуваше мерките и задолженијата и се обидуваше да ги прикрие“, посочуваат од СДСМ додавајќи дека заради лицемерниот однос, Мицкоски три пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт