Утрински Весник
Свет

Фаучи: Терапијата со антитела веројатно му помогна на Трамп

Фаучи: Терапијата со антитела веројатно му помогна на Трамп

Главниот американски специјалист за инфективни болести д-р Ентони Фаучи рече дека на американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно му помогнала експерименталната терапија со антитела во третманот на Ковид-19.

Фаучи зборуваше за коктел од лекови од биотехнолошката компанија „Регенерон фармацевтикалс“, кој содржи моноклонски антитела слични на оние произведени од човечкото тело.

„Има прилично добра шанса дека многу му помогна“, рече Фаучи за време на интервјуто за „MSNBC“.

Лекот е во третата фаза на испитувања, а податоците од минатата недела покажуваат дека пациентите со полесна форма на болеста закрепнале побрзо од Ковид-19 ако го земале пред да ги развијат своите антитела.

Во интервју за MSNBC, Фаучи рече дека терапијата можеби придонела за значителна промена во состојбата на Трамп, но предупреди дека не се нарекува „лек“, како што го направи тоа претседателот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа