Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Северна Кореја се подготвува за голема воена парада на која ќе го претстави новото оружје

Северна Кореја се подготвува за голема воена парада на која ќе го претстави новото оружје
300x250 opst2

Викендов, најверојатно ќе се одржи воена парада во Северна Кореја, по повод 75-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија, соопштија јужнокорејските воени претставници.

„Подготовките за парадата се во завршна фаза“ – изјави воен извор.

Јужнокорејските власти претходно оваа недела изјавија дека очекуваат да биде претставено стратешко оружје на парадата.

„Постои можност Северна Кореја да претстави ново стратешко оружје, како што е интерконтиненталната балистичка ракета или балистичката ракета за подморници“, рече јужнокорејскиот министер за обединување Ли Ин Јунг, додавајќи дека тоа може да биде демонстрација со помал интензитет, пренесува Ројтерс.

Државните медиуми објавија дека луѓето со заштитни маски на лицето се собрале на плоштадот Пјонгјанг во пресрет на големата воена парада.Се додава дека лидерот на Северна Кореја не презентирал ново оружје на парада од средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година, но оттогаш преговорите се во застој.

Агенциите известуваат дека високи севернокорејски власти утрово го посетиле мавзолејот во кој се погребани лидерите на таа земја, но дека Ким не е меѓу нив и дека во негово име е оставена корпа со цвеќе на гробовите на неговиот татко и дедо Ким Јонг Ил и Ким Ил Сунг.

Се додава дека е невообичаено Ким да не дојде во мавзолејот на годишнината од основањето на партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица