Утрински Весник
Македонија

Казнети 125 возачи во Скопје

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 125 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 15 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 33 возачи и за технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се осум возачи. 61 возило е подигнато со пајак.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тетовец измамен за 3400 евра со лажна сообраќајка

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Жена тешко повредена откако паднала во градски автобус