Утрински Весник
Свет

Азербејџан и Ерменија го прифатија повикот на Путин

(Видео) Соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници
Dik 300x250 mk

Азербејџан и Ерменија ја прифатија поканата на рускиот претседател, Владимир Путин, и ќе испратат свои претставници во Москва на разговори за прекин на огнот во Нагорно – Карабах.

„Двете земји, Ерменија и Азербејџан, потврдија дека ќе ги испратат своите делегации во Москва на разговори за да најдат решение за прекин на огнот во спорниот регион Нагорно – Карабах“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа, исто така, истакна дека подготовките за тие разговори се во тек.

Да потсетиме, Путин ги повика завојуваните страни веднаш да запрат со борбените дејствија, најпрво од хуманитарни причини.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил