Утрински Весник
Свет

Кина ја поддржа светската иницијатива за вакцинација

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека земјата и официјално се приклучила на глобалната иницијатива за вакцинација позната како COVAX, со што стана најголемата економија која се обврза дека ќе помогне во финансирање на дозите на вакцини во земјите со низок и среден приход.

Во соопштението на Министерството не се откриени детали за тоа колку помош ќе пружи Пекинг, иако претседателот Си Џинпинг во мај вети 2 милијарди долари во текот на следните две години за да помогне во борбата против пандемијата на коронавирусот, од кој досега починаа над еден милион луѓе ширум светот.

„Го преземаме овој конкретен чекор за да обезбедиме рамномерна дистрибуција на вакцини, особено до земјите во развој и се надеваме дека и побогатите земји ќе се приклучат и ќе го поддржат COVAX“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг.

Глобалната иницијатива COVAX, предводена од Светската здравствена организација (СЗО), планира да достави најмалку две милијарди дози вакцини до крајот на 2021 година.

СЗО претходно објави дека преговара со Кина да се приклучи на иницијативата, а Русија и САД донесоа одлука да не се приклучат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода