Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче предизвикаа целосен дебакл на здравствен план

Регистрирани 415 прекршоци за неносење маски

Ако главната мерка за борба против Ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ако Владата ја одобри мерката предложена од, како што велат, партиската здравствената комисија, тогаш ќе влезе во брутално газење на Уставот. А ако ја одбие, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Филипче и владата треба да побараат одговорност од комисијата и да ја разрешат, во спротивно ќе докажат дека си играат држава и целокупната криза е менаџирана од неспособни луѓе.

„Според член 26 од Уставот полицијата може да влезе во дом само ако има претходно одлука од Суд, а не по желба единствено на МВР или обвинителството. Или мафијата на Заев смета дека е суд, полиција и обвинителство во исто време па може да упаѓа по домовите и да бројат гости или ова е очаен обид на владата да го сврти вниманието од крахот и фијаското со здравствената криза. Заев и Филипче предизвикаа целосен дебакл на здравствен план. Немањето јасна стратегија резултираше во 364 новозаболени од коронавирус во текот на вчерашниот ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата обвинува дека бројките галопираат и дека за три дена бројот на заразени е близу 1.000, односно половина од бројката од 2.000, колку што, како што велат, според Филипче требало да изнесува бројот на заразени во Македонија во текот на целата пандемија.

„Македонија и сите граѓани страдаат заради неспособноста и лекомисленоста на власта. Уште сме на почетокот на есента, а сезоната на грип само што не почнала и сепак бројот на заразени е алармантен. Со ваква неспособна власт кои бројки треба да ги очекуваме во претстојниот период?! Кризата не ги затекна Заев и Филипче, тие знаеја дека ќе има уште пострашен удар од првиот бран, кој за жал кај нас е со продолжено траење, и не преземаа ништо во текот на летото за да ги зајакнат капацитетите на јавното здравство, како со болнички простории, така и со опрема. Наместо импровизации и неспособност потребна е одговорност“, пишува во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт