Утрински Весник
Свет

Лекарот на Трамп: Излечен е, може да се врати на работните обврски

САД: Нема да се приклучиме на корумпираната СЗО во развојот на вакцините

Американскиот претседател Доналд Трамп го заврши лекарскиот третман против Ковид-19 и овој викенд може да се врати на јавните обврски, изјави неговиот лекар.

Докторот Шон Конли рече дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека тој е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на прогресија на болеста, пренесува Би-би-си.

Според него, сабота ќе биде 10-от ден од утврдувањето на дијагнозата, а врз основа на напредната дијагностика што ја користи медицинскиот тим, тој ќе може да се врати на јавните должности.

Трамп треба да биде тестиран на Ковид-19 денеска, и како што рече, се надева дека ќе одржи нов предизборен митинг викендов, најверојатно во Флорида.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД