Утрински Весник
Македонија

ЕУ купува нови резерви од потенцијалната вакцина и од лекот „ремдесивир“

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер објави дека Европската унија ќе потпише договор со „Џонсон и Џонсон“ за купување на идната вакцина против коронавирус за 200 милиони луѓе. Комисијата претходно потпиша договори со AstraZeneca и Sanofi-GSK.

Шефот на Европската агенција за лекови (ЕМА) изјави дека вакцината против Ковид-19 најверојатно нема да биде готова до крајот на годината, пренесува „Блумберг“.

„Технички, секако е можно. Практично е тешко, многу е малку веројатно“, рече Гвидо Раси во интервју за американските медиуми.

„Ројтерс“ објави дека компанијата „Гилеад сајанс“ се согласила да им продаде 500.000 дози од лекот „ремдесивир“ на 27 земји во Европската Унија, на Велика Британија, на шест балкански земји и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Неколку европски земји соопштија дека немаат доволно количини од лекот „ремдесивир“, чии глобални залихи речиси целосно ги откупија САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ги менува луѓето во амбасадите и Македонија меѓу 29 земји

Зарина Првасевда со „Кадифено“ ја поврза традицијата со современиот музички израз

Нула жртви за 17 години: Како Црвениот крст ги спасува бездомниците во најстудените ноќи во Скопје