Познатата реалити ѕвезда Ким Кардашијан се расплака за време на гостувањето во емисијата на Дејвид Летерман.
„На мојот следен гостин не му е потребна најава“ вели Латерман во трејлерот за интервјуто кое ќе се емитува на „Нетфликс“ подоцна месецов.
И тогаш Ким се појавува на сцената, но интервјуто добива емотивен пресврт најверојатно поради кризата во бракот со Канје Вест.
Се чини дека наизглед силната Ким сепак е осетлива кога станува збор за семејната драма низ која поминува.
„Се прашувам зошто плачам? За тоа веќе сум зборувала, вели Ким во трејлерот. Дали си добро?“, ја прашува Летерман во обид да ја утеши расплаканата гостинка.
Шоуто на Летерман се враќа на стриминг-платформата „Нетфликс“ на 21 октомври. Во серијата интервјуа, негови гости се Ким, Лизо, Дејв Шапел и Роберт Дауни Јуниор.