Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Приведен шестиот член на организираната група за криумчарење мигранти

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал
300x250 opst2

По преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници е приведен Д.В. од Богданци, еден од шестмината членови на организираната криминална група за криумчарење на мигранти, која беше сузбиена на 06 Октомври. Претходно беа приведени четири лица, а едно од претходно е на издржување на мерка притвор. Петмината приведени беа изнесени пред судија на претходна постапка и за сите е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 06.10.2020 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, беше спроведена координиранаполициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-Липковскиот регион.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ