Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Луѓе живеат од минималец, а струјата поскапува за директори од СДСМ да земаат илјадници евра

(Видео) Арсовски: Луѓе живеат од минималец, а струјата поскапува за директори од СДСМ да земаат илјадници евра
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Народот зема плата минималец од 15.000 денари или воопшто не зема заради корона-кризата, а функционерите на СДСМ земаат плати од илјадници евра, ама молчат и ги игнорираат прашањата на граѓаните, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Денес повторно ќе го прашам личниот пулен на Зоран Заев, тоа е претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски за висината на неговата плата. Бидејќи Бислимоски упати јавен демант и барање за извинување преку медиуми, но и до мене лично, а молчи и не кажува јавно на граѓаните колкава плата зема за неговата работна обврска, а тоа е да им ја поскапи струјата на граѓаните. Не само што нема да се извинам бидејќи го прашав во името на граѓаните, туку ќе го прашам уште еднаш и јавно барам да им се извини на граѓаните што молчи неколку денови за висината на неговата плата“, посочи Арсовски.

„Ако Марко Бислимоски вели дека не зема 130.000 денари плата, тогаш зошто не каже јавно на граѓаните, да ги извади јавно платните изводи, бидејќи е функционер и велат дека се транспарентни како Влада“, кажа партискиот портпарол и обвини дека цената на струјата се покачува за да има огромни плати за директорите предложени од СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Намалена видливост на неколку патни правци

Црна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат