Утрински Весник
Македонија

Димитров-Едштадлер: Шансата за успех да се преточи во резултат како што е заслуженото отпочнување на преговори

Димитров-Едштадлер: Шансата за успех да се преточи во резултат како што е заслуженото отпочнување на преговори

На денешната видео-конференциска средба на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров со австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, беше реафирмирана силната поддршка на Австрија за нашите евроинтеграции.

Во фокусот на разговорот беа годинешниот Извештај на Европската комисија за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, како и билатералната соработка.

„ Гласната и принципиелна поддршка на Австрија за европското интегрирање на регионот е уште еден силен аргумент на контото на заедничкиот успех со ЕУ, покрај новата методологија и зеленото светло за почеток на преговорите. Шансата за успех треба да се преточи во резултат како што е заслуженото отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Унијата оваа година” – истакна Димитров, заблагодарувајќи и’ се на министерката Едштадлер за нејзината лична поддршка и посветеност за реализација на оваа заедничка цел.

Беа разменети мислења и за годинешниот Извештај на ЕК, за кој што соговорниците се согласија дека Северна Македонија треба да биде задоволна од целокупната оцена на Комисијата, имајќи ги предвид предизвиците со кои земјата се соочуваше во изминатиот период, а кои неминовно влијаеа на динамиката на реформите.

Димитров нагласи дека новата Влада со засилено темпо се посветува на реформската европска агенда и дека Извештајот и овој пат ќе биде корисен патоказ за дефинирање на приоритетите и реформските чекори за овој значаен период.

На средбата министерката Едштадлер потврдно одговори на поканата на вицепремиерот Димитров за посета на Северна Македонија, која што е предвидено да се реализира во ноември о.г.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор