Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција информира дека се регистрирани 364 нови случаи на Ковид-19 во земјава.
Филипче соопшти дека заедно со Комисијата за заразни болести ќе предложат нови мерки за превенција од ширење на вирусот.
„Бројот на новозаболени продолжува да расте секаде во светот. Речиси сите земји воведуваат нови мерки, есенскиот бран го зафаќа и регионот“, истакна министерот.
Потсетување, вчера здравствените власти регистрираа 317 новозаразени на 1.990 направени тестови, што беше нов рекорд на дневни случаи, кој е повторно надминат по само 24 часа.