Утрински Весник
Македонија

Маските ќе бидат задолжителни и на отворено, освен за децата до 6 години

Санкционирани 466 лица за неносење маски

Носењето заштитни маски ќе биде задолжително секаде, на отворен и затворен простор, а од ова правило ќе бидат исклучени единствено децата помали од шест години, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„ Се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22 часот. Забрана на семејни поголеми прослави во домашни услови, се забранува групирање на слави и собири во групи во домовите. Освен оние кои живеат на адресата, дозволено ќе биде да има најмногу четири гости“, најави Филипче.

Тој рече дека состојбата кај нас иако е стабилна, може лесно да ескалира.

Комисијата за заразни болести денеска ги достави новите предлог мерки до Владата, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје

ДУИ: Од 549 нови полицајци има помалку од 40 Албанци

СДСМ: Гостивар чека да се вратат сите од екскурзија