Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, изјави дека прашањето за Нагорно-Карабах не може да се реши со насилство и ја повика меѓународната заедница да ја признае независноста на тој регион, кој е дел од Азербејџан со мнозинско ерменско население.
Во исто време, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, вели дека примирјето во Нагорно-Карабах, каде што конфликтите траат веќе 11 дена, не може да биде еднострано.
Пашинијан и Алиев дадоа одделни интервјуа за „Еуроњуз“ во кои упатија меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен за ескалацијата на конфликтот.
„Не може да се постигне еднострано примирје. Тоа треба да биде билатерална одлука. Покрај тоа, треба да се примени и на теренот“, рече Алиев.
Од друга страна, ерменскиот лидер вели дека позицијата на Ереван останува иста.
„Прашањето за Карабах не може да се реши со насилство. Ниту едно решение не може да се постигне со насилство“, рече тој.
Пашинијан додаде дека меѓународната заедница треба да ја признае независноста на непризнатата Република Нагорно-Карабах, доколку сака да ја запре хуманитарната катастрофа во регионот.
Според неговите тврдења, Ерменија ги нападнала нивните воени позиции, инфраструктурата и цивилите, пренесува ТАСС.
Азербејџанските сили по утринската пауза го гранатираа Степанакерт во Нагорно-Карабах, а во градот се слуша воздушна сирена.
At ~ 2 p.m. local time Azerbaijan launched an attack in 2 directions at the southern border.
Artsakh Defense Forces thwarted the attacks successfully, destroying 9 armored vehicles & inflicting significant losses in manpower as well. #AzerbaijaniAggression#ArtsakhStrong
— Karabakh Records (@KarabakhRecords) October 8, 2020
Според дописникот на ТАСС од местото на настанот, се слушнале вкупно шест експлозии. Последното гранатирање завршило околу 9 часот.
Пред тоа, гранатирањето продолжило со прекини во текот на целата ноќ и во текот на претходната вечер.