Утрински Весник
Македонија

Шахпаска – Галовеј: Продолжува британската поддршка за социјалните политики во земјава

Шахпаска – Галовеј: Продолжува британската поддршка за социјалните политики во земјава

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј.

На средбата се разговарало за сегашните и идни процеси поврзани со областите за кои е надлежно Министерството за труд и социјална политика, а кои Обединетото кралство силно ги поддржува.

„Деинституализацијата и децентрализацијата се два значајни процеси кои ги започнавме во нашата држава, а кои водат кон унапредување на правата на лицата со попреченост, вадење на лицата од институциите и сместување во мали групни домови, а потоа и згрижувачки семјства, добивање на квалитетни социјални услуги на локално ниво на оние на кои им се најпотребни, ранливите категории на граѓани,“ истакнала Шахпаска.

Амбасадорката Галовеј ја истакнала целокупната заложба на Обединетото Кралство за поддршка и подобрување на политиките и праксите на социјална кохезија во нашето општество.

Во таа насока, рекла дека силно го поддржува и го охрабрува процесот на деинституционализација кој е започнат во рамките на министерството, зајакнување на капацитетите на Министерството во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација .

Двете соговорнички изразиле подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателство меѓу двете држави и институционална соработка и продолжување на тековните и идни заеднички проекти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

Стравична број на прекршоци на автопатот Скопје-Тетово: Камерите во тест фаза бележат илјадници прекршоци дневно