Утрински Весник
Свет

Париз ќе отвори центар за прием на мигранти во историското поранешно Градско собрание

Париз ќе отвори центар за прием на мигранти во историското поранешно Градско собрание

Градската влада на Париз објави дека ќе ја трансформира историската поранешна Градска куќа во првиот арондисман во градот во прифатен центар за азиланти и мигранти, пренесува францускиот радиодифузер БФМТВ.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го најави потегот во неделата, велејќи дека хуманитарната мисија што претходно се наоѓала во озлогласената област Порт де ла Шапел, ќе биде преместена во центарот на Париз, во близина на светски познатиот музеј Лувр.

„Во поранешното Градско собрание на првиот арондисман, ќе го преместиме хуманитарниот центар што е отворен неколку години на Порт де ла Шапел. Париз ќе продолжи да ја игра својата улога како безбедно пристаниште“, рече Идалго.

Според извештајот на БФМТВ, околу 100 до 200 мигранти ќе бидат сместени во новиот приемен објект. Тие ќе имаат пристап до згрижување и санитарни простории за да се искапат како и да можат да ги поднесат своите барања за азил во објектот.

Овој потег доаѓа во момент кога илјадници мигранти остануваат на улиците на француската престолнина; многумина живеат во импровизирани шаторски градови во различни делови на градот и покрај тоа што повремено беа евакуирани и преселени од локалните власти.

На почетокот на годинава, полицијата отстрани 1.436 мигранти од шаторскиот камп на северот на Париз кај Порт д’Обервје и многу од нив ги однесе во 15-те фискултурни сали за сместување на мигранти. Според тогашните извештаи, тоа беше 60-ти пат оваа област да биде евакуирана од екот на мигрантската криза во 2015 година.

Голем број од оние кои живеат на улиците во Парискиот регион, исто така, тврдат дека се малолетни, а многумина се занимаваат со криминал и се зависници од лекови како што е бензодиазепам.

Француската полиција соопшти дека во 2019 година уапсиле повеќе од 6.300 малолетни мигранти во регионот на Париз и тврдат дека бројот се зголемил во последните три години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење