Утрински Весник
Свет

Хоти: Ако нема признавање, ќе останеме соседни земји кои не се познаваат една со друга

Хоти: Ако нема признавање, ќе останеме соседни земји кои не се познаваат една со друга

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави денеска, по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, дека има напредок во дијалогот, но дека доколку Белград и Приштина не постигнат меѓусебно признавање, ќе останат две соседни независни држави кои не се познаваат една со друга.

Тој исто така на прес-конференцијата рече дека постигнатиот договор за нормализирање на економските односи е голем чекор кон конечен договор, но дека целосна нормализација може да се постигне само преку заемно признавање, пренесува порталот „Репортери“.

„Ние сме посветени на дијалог, еден месец, два месеца или една година. Ако не постигнеме конечен договор, нема што друго да сториме. Ќе продолжиме како две независни соседни држави кои не се познаваат едни со други“, рече Хоти.

Вархеји оцени дека гледа напредок и посветеност на дијалогот и додаде дека знае дека преговорите што мора да се водат не се лесни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија