Утрински Весник
Свет

Русија издаде потерница за предводничката на белоруската опозиција

Тихановскаја го повика Макрон да биде посредник за решавање на кризата во Белорусија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Името на белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја се појави на руска потерница.

Руското Министерство за внатрешни работи издаде налог за 38-годишната жена кој побегна во Литванија откако го обвини долгогодишниот лидер Александар Лукашенко за лажирање на годинашните претседателски избори.

Руската државна новинска агенција „РИА Новости“ објави дека Тихановскаја во Белорусија е обвинета за предизвикување нестабилност и обид за преземање на власта, пишува АФП.

Од друга страна, Белорусија нема издадено потерница за Тихановскаја. Портпаролката на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова, изјавила дека засега нема информации што би можела да ги сподели.

Соработници на Тихановскаја исто така ја коментираа потерницата.

„Не знаеме за тоа. Светлана не доби никаква порака во врска со тоа. Но, нас всушност ова и не нè интересира толку многу“, соопшти изборната канцеларија на Тихановскаја.

Тихановскаја неодамна се состана со европските лидери, вклучувајќи ги францускиот претседател, Емануел Макрон, и германската канцеларка, Ангела Меркел.

Во Берлин таа рече дека не е на Путин да одлучува за судбината на нејзината земја, но додаде дека го поздравува неговото учество во медијацијата за време на политичката криза.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија изразува подготвеност да ѝ помогне на Венецуела во спротивставувањето на американската блокада

Пентагон: Кина распоредила повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра