Утрински Весник
Економија

Градежните компании ќе инвестираат 1 милијарда евра ако им се овозможи непречено да работат

Градежните компании ќе инвестираат 1 милијарда евра ако им се овозможи непречено да работат
Dik 300x250 mk

Градежниот сектор како еден од секторите двигатели на македонската економија може да допринесе за излез од кризата и со тоа и за забрзување на економскиот развој во периодот на опоравување доколку му се овозможат услови за работа – oваа порака денеска му ја пренесе претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Ивица Јакимовски на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кого ја имаше првата официјална средба.

Јакимовски потенцираше дека итно, без одложување треба да се преземат две важни активности. Прво да прекине мораториумот за градба во општините бидејќи, како што рече, ја оневозможува работата на градежните компании и тие трпат големи штети и да се забрза со донесувањето на деталните урбанистички планови во општините каде оваа постапка веќе е започната. Второ е да се надмине проблемот на кој се укажува подолго време, а тоа е не запазување на законските рокови за издавање на соодветна документација и дозволи од страна на општините со што се кочат градежните проекти.

„ Градежни компании кои се членки на Градежната комора изразуваат подготвеност да инвестираат 1 милијарда евра во наредните три години. Тоа е потребно во време на криза. Ние како компании преземаме обврска да инвестираме во проекти кои веќе постојат и бараме од централната и локалната власт да преземат конкретни мерки и чекори за да се создадат услови за почнување на реализацијата на проектите. Нашето конкретно барање е да ни се дозволи да инвестираме и на тој начин да се помогне на населението и стопанството во време на криза“, изјави Јакимовски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Од полноќ нови цени на горивата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Лукоил ја прифати понудата – eве кој го купува рускиот гигант