Утрински Весник
Политички Партии

Демократски сојуз: Извештајот на ЕК е објективен, борбата против криминалот мора да биде врвен приоритет

Демократскиот сојуз го осуди нападот врз Палевски

Демократскиот сојуз смета дека последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија е објективен и претставува реална слика за состојбите во државата. Во него се потенцира напредокот во неколку области, но се нотираат и серија слабости во повеќе сегменти на општеството. Како и години наназад, во извештајот доминираат критиките за неефикасната борба со корупцијата, слабата контрола врз полицијата и немањето реформи во јавната администрација.

Во контекст на најновиот документ на Комисијата, Демократскиот сојуз потсетува на своите програмски приоритети, кои целосно се совпаѓаат со забелешките изнесени во извештајот.

„Пред сé тоа е неопходноста од уставни промени со цел зајакнување на одговорноста на извршната власт, преку што би се зајакнала самостојноста на институциите надлежни за откривање и спречување на тешките облици на криминал. Тоа е единствениот начин за создавање предуслови имунолошкиот систем на државата да профункционира.

Само така може да се започне неселективна и робусна борба против криминалот и корупцијата, создавање систем за детекција на скриениот имот на функционерите и носителите на организиран криминал, конфискација на криминално стекнатиот капитал и забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години.

Неопходни се системски промени заради департизација на сите институции, а првиот чекор во тој правец мора да биде инсталирањето на институтот ‘јавен конкурс’ при поставувањето директори на јавни претпријатија, државни секретари и слично, додека приемот на работа во администрација да се одвива врз основа на цврсти критериуми“, се наведува во партиското соопштение.

Демократскиот сојуз изразува оптимизам дека до крајот на годината, за време на германското претседателство, ќе започнат пристапните преговори со ЕУ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт