Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во кратвско село запленето оружје и пронајдена лабораторија за дрога

(Видео) Во кратвско село запленето оружје и пронајдена лабораторија за дрога

Полицијата периодов спроведува засилени активности во борба против недозволена трговија со дрога и оружје, а вчера заплени осум парчиња оружје, а пронајдени се и лабараторија за дрога, хероин и марихуана при што уапсени се седум лица.

Како што информираат од МВР, Криминалистичка полиција, во координација со СВР Куманово, СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, извршила претрес во домови и помошни простории во кратовското село Којково и во село Злетово, при што уапсени биле четри лица Д.М. (25), З.М. (44), М.М. и Љ.М..

При претресите пронајдени биле осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во Којково откриен бил и насад со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадени во пластеници (високи од околу 2 метра), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на дрогата во процес на сушење…

Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.

Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на 26-годишниот од Велес и при тоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети.

Во дополнителна акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес.

Вчера одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица кај струмичанецот С.И. пронашла 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица.

Лицата се дале во бегство со возило „бе-ем-ве“, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес и М.О. (34) од селото Бузалково.

Против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија