Утрински Весник
Економија

Развојната банка објави јавен повик до компаниите за продолжување на грејс периодот за отплата на бескаматните кредити

Развојната банка објави јавен повик до компаниите за продолжување на грејс периодот за отплата на бескаматните кредити

Во интерес на развојот на економијата и правовремено известување на бизнис секторот и целокупната јавност, Развојната банка на Република Северна Македонија на својата веб-страница објави јавен повик, со кој се понудува можност на компаниите-корисници на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за дополнителни три месеци.

Јавниот повик на кој компаниите ќе можат да аплицираат, ќе трае во наредните 7 дена, односно ќе заврши заклучно со 14 октомври 2020 година, а може да се најде на следниот линк: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/668-javen-povik-do-kreditokorisnicite-na-kovid1.

„Владата и државните органи остануваат да бидат искрен партнер на стопанството и граѓаните и да креираат мерки кои ќе одговорат на реалните потреби на бизнисот и на граѓаните. Зголемувањето на грејс периодот за отплата на кредитите од Ковид 1, ќе им обезбеди дополнителна ликвидност на компаниите во четвртиот, последен квартал од 2020 годна, за полесно справување со социо-економската криза.

Би сакале да потсетиме дека бескаматната кредитна линија Ковид 1 во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителската, транспортната и туристичката дејност.Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од вкупниот број на компании  77% се микро претријатија, 21% мали фирми, додека околу 2% од корисниците се компании со средна големина“, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување